Втзакон. (5 Moj.) 30:3-9 MKB

3 тогаш Господ, твојот Бог, ќе ги врати твоите заробеници; ќе се смилува на тебе и пак ќе те собере од сите народи меѓу кои те протерал Господ, твојот Бог.

4 И до крајот на небесата ако бидеш отфрлен, Господ твојот Бог ќе те собере оттаму, и ќе те земе оттаму.

5 Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата, која ја имаа во сопственост твоите татковци, за да ја завладееш ти; ќе те направам посреќен и поброен од твоите татковци.

6 Господ, твојот Бог, ќе го обреже твоето срце, срцето на твоето потомство, така што ќе го љубиш Господа, својот Бог, од сето свое срце и од сета своја душа, па да живееш.

7 Господ, твојот Бог, ќе ги наведе сите овие проклетства на твоите непријатели, на твоите мразители, кои те гонеа.

8 А ти наново ќе го слушаш Господовиот глас и ќе ги вршиш сите Негови заповеди, што денес ти ги давам.

9 Господ, твојот Бог, ќе те наградува изобилно во секој потфат на твоите раце, во плодот на твојата утроба, во плодот на твојот добиток, и во родот на твојата плодна почва; зашто Господ ќе се радува пак над твоето добро, како што се радуваше над доброто на твоите татковци,