Втзакон. (5 Moj.) 30:9-15 MKB

9 Господ, твојот Бог, ќе те наградува изобилно во секој потфат на твоите раце, во плодот на твојата утроба, во плодот на твојот добиток, и во родот на твојата плодна почва; зашто Господ ќе се радува пак над твоето добро, како што се радуваше над доброто на твоите татковци,

10 кога ќе го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги Неговите заповеди и Неговите наредби запишани во книжен свиток на овој Закон, односно кога ќе му се обрнеш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.”

11 „Оваа заповед, што ти ја давам денес, не е длабока за тебе ниту е предалеку од тебе.

12 Не е на небесата, за да би рекол: ‘Кој ќе се искачи за нас на небесата, па да ни ја објави за да ја вршиме.’

13 Не е ни преку море, за да би можел да речеш: ‘Кој ќе тргне за нас преку море, за да ни ја донесе и да ни ја објави па да ја вршиме!’

14 Зашто, заповедта е сосем близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце, за да ја извршуваш.”

15 „Гледај! Денес ставам пред тебе: живот и среќа, смрт и несреќа.