Втзакон. (5 Moj.) 34:4-10 MKB

4 Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.”

5 И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед.

6 И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.

7 Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.

8 Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.

9 А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја.

10 Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице!