6 И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.
7 Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.
8 Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.
9 А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја.
10 Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице!
11 Според сите оние знаци и чудеса во Египетската Земја, за кои Господ го праќаше да ги прави врз Фараонот, врз сите негови службеници и врз целата негова земја,
12 според онаа негова силна рака и според сите оние големи застрашувачки дела, кои ги направи пред очите на целиот Израел.