1 „А сега, Израеле, послушај ги законите и уредбите на кои ве учам, за да ги вршите и така да поживеете па да ја заземете земјата, што ви ја дава Господ.
2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.
3 Видовте со своите очи што направи Господ со Велфегор: зашто Господ, твојот Бог, го откорна од твојата средина секој, кој го следеше Велфегор.
4 А сите вие кои се држите цврсто за Господа, живи сте и денес.
5 Ете, Јас ве поучив за законите и уредбите, како што Господ, мојот Бог, ми нареди да ги вршите во земјата во која одите, за да ја наследите.
6 Пазете ги и вршете ги: тоа ќе биде, во очите на народите, ваша мудрост и ваша разумност. Кога тие ќе чујат за сите овие закони, ќе речат: ‘Само еден народ е мудар и умен, а тоа е овој голем народ.’