12 Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас.
13 Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите - Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи.
14 А мене Господ ми нареди да ве поучам на законите и уредбите што ќе ги вршите во земјата во која одите да ја владеете.”
15 „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,
16 за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,
17 ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,
18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,