Втзакон. (5 Moj.) 4:14-20 MKB

14 А мене Господ ми нареди да ве поучам на законите и уредбите што ќе ги вршите во земјата во која одите да ја владеете.”

15 „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,

16 за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,

17 ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,

18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,

19 и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.

20 А Господ ве зеде вас и ве изведе од Египет - од онаа вжарена печка - за да станете народ на неговото наследство, тоа што сте денес.