Втзакон. (5 Moj.) 4:16-22 MKB

16 за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,

17 ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,

18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,

19 и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.

20 А Господ ве зеде вас и ве изведе од Египет - од онаа вжарена печка - за да станете народ на неговото наследство, тоа што сте денес.

21 Но заради вас Господ се налути на мене и се заколна дека нема да поминам преку Јордан и да влезам во Блажената Земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

22 Така, јас ќе умрам во оваа земја; јас нема да поминам преку Јордан. А вие ќе поминете и ќе ја завладеете онаа прекрасна земја.