Втзакон. (5 Moj.) 4:18-24 MKB

18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,

19 и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.

20 А Господ ве зеде вас и ве изведе од Египет - од онаа вжарена печка - за да станете народ на неговото наследство, тоа што сте денес.

21 Но заради вас Господ се налути на мене и се заколна дека нема да поминам преку Јордан и да влезам во Блажената Земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

22 Така, јас ќе умрам во оваа земја; јас нема да поминам преку Јордан. А вие ќе поминете и ќе ја завладеете онаа прекрасна земја.

23 Затоа внимавајте да не го заборавите Заветот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас, па не правете си за себе делкани ликови на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог.

24 Зашто, Господ, твојот Бог, е оган што проголтува; Тој е Бог Ревнител.