Втзакон. (5 Moj.) 4:2-8 MKB

2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.

3 Видовте со своите очи што направи Господ со Велфегор: зашто Господ, твојот Бог, го откорна од твојата средина секој, кој го следеше Велфегор.

4 А сите вие кои се држите цврсто за Господа, живи сте и денес.

5 Ете, Јас ве поучив за законите и уредбите, како што Господ, мојот Бог, ми нареди да ги вршите во земјата во која одите, за да ја наследите.

6 Пазете ги и вршете ги: тоа ќе биде, во очите на народите, ваша мудрост и ваша разумност. Кога тие ќе чујат за сите овие закони, ќе речат: ‘Само еден народ е мудар и умен, а тоа е овој голем народ.’

7 Зашто, кој народ е толку голем за да му бидат боговите толку близу како што ни е Господ, нашиот Бог, нам, кога ќе го повикаме?

8 Кој е тој народ толку голем да би имал закони и уредби праведни како што е сиот овој Закон што јас ви го изнесувам денес?