24 Зашто, Господ, твојот Бог, е оган што проголтува; Тој е Бог Ревнител.
25 Кога ќе народите деца и внучиња и кога ќе престојувате подолго во онаа земја, а ќе се расипете правејќи за себе било какви делкани ликови и вршејќи зло во очите на Господа, својот Бог, така што ќе Го предизвикате на гнев,
26 знајте - ги земам за сведоци против вас небесата и земјата - дека бргу ќе ве снема од земјата во која што одите преку Јордан за да ја наследите: не ќе живеете долго во неа, туку ќе бидете откорнати.
27 Господ ќе ве распрсне меѓу народите, и ќе остане само мал број од вас меѓу народите среде кои ќе ве одведе Господ.
28 Таму ќе им се поклонувате на богови што човечки раце ги направиле од дрво и камен, на богови кои не можат ни да видат ни да чујат, ни да јадат ни да мирисаат.
29 Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.
30 Сè тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас.