Втзакон. (5 Moj.) 4:27-33 MKB

27 Господ ќе ве распрсне меѓу народите, и ќе остане само мал број од вас меѓу народите среде кои ќе ве одведе Господ.

28 Таму ќе им се поклонувате на богови што човечки раце ги направиле од дрво и камен, на богови кои не можат ни да видат ни да чујат, ни да јадат ни да мирисаат.

29 Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.

30 Сè тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас.

31 Па Господ, твојот Бог, е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.”

32 „Испитај ги само поранешните времиња што поминаа пред тебе, сè откако Господ го создаде човекот на земјата: дали имало некогаш, од едниот крај на небесата на другиот, оволку величествен настан?

33 Дали некогаш некој народ го чул гласот на Бога како зборува пред огнот како што го чу ти и остана жив?