Втзакон. (5 Moj.) 4:29-35 MKB

29 Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.

30 Сè тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас.

31 Па Господ, твојот Бог, е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.”

32 „Испитај ги само поранешните времиња што поминаа пред тебе, сè откако Господ го создаде човекот на земјата: дали имало некогаш, од едниот крај на небесата на другиот, оволку величествен настан?

33 Дали некогаш некој народ го чул гласот на Бога како зборува пред огнот како што го чу ти и остана жив?

34 Или, дали се обиде некој бог да отиде и да си земе за себе еден народ, од средина на друг народ, со искушенија, со знакови, со чудеса и со војна, со цврста рака и со испружена мишка, покрај силни стравотии, како што сè тоа го направи за вас, пред вашите очи, Господ, вашиот Бог, во Египет?

35 Тоа ти беше покажано тебе за да знаеш дека Господ е вистински Бог и дека нема друг освен Него.