Втзакон. (5 Moj.) 4:35-41 MKB

35 Тоа ти беше покажано тебе за да знаеш дека Господ е вистински Бог и дека нема друг освен Него.

36 Од небото ти го слушаше Неговиот глас, за да те поучи; ти дозволи да го видиш Неговиот голем оган на земјата; и ги чу Неговите зборови од средината на огнот.

37 Заради тоа што ги љубеше твоите татковци, го избра после нив нивното потомство; Тој, Самиот, те изведе од Египет со Својата голема сила;

38 пред тебе растера, и побројни и посилни од тебе, народи, за да те доведе во нивната земја и за да ти ја предаде тебе во наследство, како што е и денес.

39 И така, денес сознај и засади во своето срце: Господ е Бог горе на небото и тука на земјата - друг нема.

40 Пазете ги Неговите закони и Неговите заповеди што ти ги давам денес, за да ви биде добро и тебе и на твоите деца по тебе; за да поживееш долго на земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.”

41 Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,