Втзакон. (5 Moj.) 4:40-46 MKB

40 Пазете ги Неговите закони и Неговите заповеди што ти ги давам денес, за да ви биде добро и тебе и на твоите деца по тебе; за да поживееш долго на земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.”

41 Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,

42 каде ќе може да се засолне убиец, кој убил неволно свој ближен, а да немаше порано омраза кон него: за да може, бегајќи во некој од овие градови, да го спаси својот живот.

43 Тоа се: Восор во пустината, на високорамнината, за Рувимовците; Рамот во Галад, за Гадовците и Голан во Васан, за Манасиевците.

44 Ова е Законот што Мојсеј го постави пред Израелевите синови;

45 ова се напатствијата, законите и уредбите што Мојсеј им ги даде на Израелците кога излегоа од Египет,

46 од онаа страна на Јордан, во долината спроти Вет-Фегор, во земјата на аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и кого го поразија Мојсеј и Израелевите синови, откако излегоа од Египет.