Втзакон. (5 Moj.) 4:41-47 MKB

41 Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,

42 каде ќе може да се засолне убиец, кој убил неволно свој ближен, а да немаше порано омраза кон него: за да може, бегајќи во некој од овие градови, да го спаси својот живот.

43 Тоа се: Восор во пустината, на високорамнината, за Рувимовците; Рамот во Галад, за Гадовците и Голан во Васан, за Манасиевците.

44 Ова е Законот што Мојсеј го постави пред Израелевите синови;

45 ова се напатствијата, законите и уредбите што Мојсеј им ги даде на Израелците кога излегоа од Египет,

46 од онаа страна на Јордан, во долината спроти Вет-Фегор, во земјата на аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и кого го поразија Мојсеј и Израелевите синови, откако излегоа од Египет.

47 Ја зазедоа неговата земја и земјата на васанскиот цар Ог, на двата аморејски цареви кои живееја преку Јордан на исток,