1 „Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе -
2 па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост.
3 Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка;
4 зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу.
5 Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.”