Втзакон. (5 Moj.) 7:10-16 MKB

10 А на оние кои Го мразат им враќа направо на нив самите; го уништува без одлагање оној кој Го мрази: му враќа направо на него самиот.

11 Затоа држи ги заповедите, законите и одредбите кои ти ги заповедам денес за да ги исполниш.

12 А како награда - ако ги слушаш овие закони, ако ги пазиш па ги извршуваш - Господ, твојот Бог, ќе ти ги пази Својот Завет и милоста за кои им се заколна на твоите татковци.

13 Ќе те љуби, ќе те благословува и ќе те размножува; ќе ги благословува плодот на твојата утроба и родот на твојата земја: твоето жито, твоето вино, твоето масло, рожбите на твоите говеда и прирастот на твојот добиток во земјата за која им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде тебе.

14 Ќе бидеш благословен над сите народи; во тебе ќе нема ни неплоден ни неплодна, ниту меѓу твоите деца, ниту меѓу твојот добиток.

15 Господ ќе ја отстрани од тебе секоја болест; нема да пушти на тебе ниедно од страшните египетски зла што ги познаваш, туку ќе ги притисне со нив оние што те мразат.

16 Уништувај ги сите народи што Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде. Нека не ги сожалува твоето око. Не клањај им се на нивните богови, зашто тоа ќе биде стапица.”