Втзакон. (5 Moj.) 7:14-20 MKB

14 Ќе бидеш благословен над сите народи; во тебе ќе нема ни неплоден ни неплодна, ниту меѓу твоите деца, ниту меѓу твојот добиток.

15 Господ ќе ја отстрани од тебе секоја болест; нема да пушти на тебе ниедно од страшните египетски зла што ги познаваш, туку ќе ги притисне со нив оние што те мразат.

16 Уништувај ги сите народи што Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде. Нека не ги сожалува твоето око. Не клањај им се на нивните богови, зашто тоа ќе биде стапица.”

17 „Можеби ќе речеш во своето срце: ‘Тие народи се побројни од мене, како ќе ги изгонам тогаш?’

18 Не бој се од нив! Спомни си што им направи Господ, твојот Бог, на фараонот и на целиот Египет!

19 Помисли на големите искушенија што ги виде со свои очи; на оние знаци и чудеса, па на силната рака и на испружената мишка, со кои Господ, твојот Бог, те изведе. Така Господ, твојот Бог, ќе направи со сите народи од кои се плашиш.

20 Освен тоа, Господ, твојот Бог, ќе испрати меѓу нив стршели додека не изгинат оние што останаа и што се сокрија пред тебе.