Втзакон. (5 Moj.) 7:20-26 MKB

20 Освен тоа, Господ, твојот Бог, ќе испрати меѓу нив стршели додека не изгинат оние што останаа и што се сокрија пред тебе.

21 И така, не трепери пред нив! Па Господ, твојот Бог, е во твоја средина, Бог величествен и страшен.

22 Малку по малку Господ, твојот Бог, ќе ги уништи пред тебе оние народи; и не ќе можеш да ги истребиш одеднаш, за да не се размножат ѕверовите против тебе.

23 Ама Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе и ќе внесува меѓу нив страв додека не бидат уништени.

24 И ќе ги предаде нивните цареви во твои раце, за да го сотреш нивното име под небото. Ниеден не ќе се одржи пред тебе додека не ги уништиш.

25 Изгори ги ликовите на нивните богови! Не лакоми за среброто и златото што е на нив; не земај го, за да не бидеш заведен од него; зашто тоа би Му било гадно на Господа, твојот Бог.

26 Не внесувај гнасотии во својата куќа, за да не бидеш проколнат како и неа; презри ја длабоко и грози се од неа, зашто е проклета.”