Втзакон. (5 Moj.) 9:16-22 MKB

16 Погледнав: навистина згрешивте против Господа, својот Бог. Си одлеавте теле. Така бргу се отклонивте од патот што Господ ви го беше посочил.

17 Ги грабнав двете плочи па ги фрлив од себе со двете раце - ги скршив плочите пред вашите очи.

18 Тогаш се фрлив ничкум пред Господа. Четириесет денови и четириесет ноќи - како и порано - ниту јадев леб ниту пиев вода заради сите гревови што ги направивте, правејќи зло во очите на Господа и срдејќи Го.

19 Зашто се боев од лутината и гневот со кои Господ пламна против вас за да ве сотре. Но Господ и тогаш ме послуша мене.

20 И Господ се расрди силно на Арона, сакаше да го уништи. Тогаш се зазедов и за Арона.

21 Вашиот грев, телето што го бевте направиле, го зедов и го изгорев во оган. Го иситнив во прав и неговиот прав го фрлив во потокот што тече од гората.”

22 „Кај Тавера, кај Маса и Киврот Атава, Го разгневивте Господа.