Втзакон. (5 Moj.) 9:20-26 MKB

20 И Господ се расрди силно на Арона, сакаше да го уништи. Тогаш се зазедов и за Арона.

21 Вашиот грев, телето што го бевте направиле, го зедов и го изгорев во оган. Го иситнив во прав и неговиот прав го фрлив во потокот што тече од гората.”

22 „Кај Тавера, кај Маса и Киврот Атава, Го разгневивте Господа.

23 Кога Господ ве испраќаше од Кадис-Варниј, говорејќи: ‘Отидете и земете ја земјата што ви ја дадов,’ се побунивте против словото на Господа, својот Бог; не се надевавте во Него ниту го слушавте Неговиот глас.

24 Му бевте непокорни на Господа откако ве познавам.”

25 „Затоа паднав ничкум и лежев пред Господа четириесет денови и четириесет ноќи, зашто Господ беше рекол дека ќе ве уништи.

26 Го молев Господа и реков: ‘Господи мој, Господи! Не уништувај го Својот народ, Своето наследство што го избави со Своето величие и што го изведе од Египет со силна рака.