19 И ако Јас, пак, ги изгонувам демоните преку Велзевула, со чија помош ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии.
20 Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас.
21 Кога силниот, вооружен човек, го чува својот двор, неговиот имот е во сигурност.
22 Но кога ќе дојде посилен од него и го совлада, му го одзема оружјето, на кое се надевал, и ќе го раздели ограбеното од него.
23 Кој не е со Мене, тој е против Мене и кој не собира со Мене, тој растура!
24 Кога нечист дух ќе излезе од човекот, тој скита по безводни места и бара спокојство. И кога не ќе го најде, вели: ‘Ќе се вратам во својот дом, од каде излегов.’
25 И кога ќе дојде, го наоѓа изметен и среден.