20 Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас.
21 Кога силниот, вооружен човек, го чува својот двор, неговиот имот е во сигурност.
22 Но кога ќе дојде посилен од него и го совлада, му го одзема оружјето, на кое се надевал, и ќе го раздели ограбеното од него.
23 Кој не е со Мене, тој е против Мене и кој не собира со Мене, тој растура!
24 Кога нечист дух ќе излезе од човекот, тој скита по безводни места и бара спокојство. И кога не ќе го најде, вели: ‘Ќе се вратам во својот дом, од каде излегов.’
25 И кога ќе дојде, го наоѓа изметен и среден.
26 Тогаш оди и зема седум други демони, полоши од себе, па кога ќе влезат - живеат таму и последната состојба на оној човек станува полоша од првата.”