Лука 11:27-33 MKB

27 А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.”

28 А Тој рече: „Уште повеќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.”

29 А кога народот се собираше, почна да зборува: „Ова поколение е лошо поколение; бара знак, но нема да му биде даден, освен знакот на Јона.

30 Имено, како што Јона им беше знак на Ниневијците, така и Човечкиот Син ќе биде за овој род.

31 Царицата на Југот ќе се јави на суд со луѓето од ова поколение и ќе го осуди; зашто дојде од крајот на земјата, за да ја чуе Соломоновата мудрост. А ете, тука е поголем од Соломона!

32 Ниневијците ќе се јават на суд со овој род и ќе го осудат, зашто се покајаа од Јонината проповед, а ете, тука е поголем од Јона!

33 Никој не става запалено светило во сокриено место или под вршник, туку на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат.