3 Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден!
4 Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! И не нè воведувај во искушение, но избави не од злото!”
5 И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, и му рече: „Пријателе, дај ми на заем три леба,
6 зашто ми дојде пријател од пат, а немам што да ставам пред него!”
7 А оној одвнатре да му одговори: ‘Не ме обеспокојувај, вратата е веќе затворена, а моите деца се со мене во постелата, не можам да станам и да ти дадам,’
8 ви велам, ако и не би станал да му даде, затоа што му е пријател, ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба.
9 И Јас ви велам: „Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори!