34 Светило на телото е твоето око. Ако твоето око е бистро - целото твое тело е осветлено; ако пак е зло, во мрак е и твоето тело.
35 Затоа внимавај светлината што е во тебе - да не биде темнина!
36 Ако целото твое тело е осветлено, без да има темен дел, тоа ќе биде целото осветлено, како кога светилката те осветлува со своето светење.”
37 И додека Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај него; Тој влезе и седна.
38 А штом фарисејот го виде тоа, се зачуди зашто Тој не се изми пред јадење.
39 А Господ му рече: „Да, вие фарисеите ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а вашата внатрешност е полна со грабеж и лукавство.
40 Неразумници! Зар Оној Кој ја создаде надворешноста, не ја создаде и внатрешноста?