45 Тогаш еден законоучител Му одговори и рече: „Учителе, кога го зборуваш тоа, и нас нè навредуваш.”
46 Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата.
47 Горко ви вам, зашто им градите надгробни споменици на пророците, а вашите татковци ги убија!
48 И така вие сведочите за делата на своите татковци и се согласувате со нив; зашто тие и ги убија, а вие им градите гробници.
49 Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апостоли и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат,
50 за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот:
51 од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение.