Лука 11:46-52 MKB

46 Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата.

47 Горко ви вам, зашто им градите надгробни споменици на пророците, а вашите татковци ги убија!

48 И така вие сведочите за делата на своите татковци и се согласувате со нив; зашто тие и ги убија, а вие им градите гробници.

49 Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апостоли и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат,

50 за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот:

51 од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение.

52 Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знаењето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.”