47 Горко ви вам, зашто им градите надгробни споменици на пророците, а вашите татковци ги убија!
48 И така вие сведочите за делата на своите татковци и се согласувате со нив; зашто тие и ги убија, а вие им градите гробници.
49 Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апостоли и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат,
50 за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот:
51 од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение.
52 Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знаењето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.”
53 А кога излезе оттаму, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го испитуваат за многу нешта,