1 Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви.
2 Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така?
3 Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така.
4 Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим?
5 Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
6 Ја кажа и оваа парабола: „Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде.
7 Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?”