21 Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”
22 И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.
23 А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:
24 ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.
25 Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”
26 Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”
27 А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”