Лука 13:29-35 MKB

29 И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство.

30 И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.”

31 И во истиот час пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си оттука, зашто Ирод сака да Те убие!”

32 И им рече: „Одете и кажете и на таа лисица: „Еве изгонувам зли духови и исцелувам денес и утре; и на третиот ден ќе завршам.

33 Но денес, утре и задутре, треба да патувам, зашто не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.”

34 ”Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги погубуваш оние, кои се испратени при тебе; колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како квачката своите пилиња под крилја, но не сакавте!

35 Ете, ви се остава пуст вашиот дом. И ви велам: нема да Ме видите додека не дојде време да кажете: „Благословен е Оној Кој доаѓа во Господово име!”