7 Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?”
8 Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам;
9 па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.”
10 А кога поучуваше во сабота, во една синагога,
11 ете, таму беше една жена, која осумнаесет години имаше дух, предизвикувач на болеста; и беше згрчена и не можеше да се исправи.
12 Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено, ослободена си од својата болест.”
13 И ги стави рацете врз неа, а таа се исправи веднаш и Го славеше Бога.