9 па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.”
10 А кога поучуваше во сабота, во една синагога,
11 ете, таму беше една жена, која осумнаесет години имаше дух, предизвикувач на болеста; и беше згрчена и не можеше да се исправи.
12 Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено, ослободена си од својата болест.”
13 И ги стави рацете врз неа, а таа се исправи веднаш и Го славеше Бога.
14 А настојникот на синагогата негодуваше, дека Исус исцели во сабота и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи! Во тие дни доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!”
15 Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?