14 И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.”
15 Кога го чу тоа еден од гостите, Му рече: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во Божјото Царство!”
16 Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и повика мнозина.
17 А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сè е готово!’
18 И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’
19 Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’
20 И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’