21 И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сакатите, слепите и хромите!’
22 И слугата му рече: ‘Господаре, направено е како што заповеда, но уште има место.’
23 И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24 Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’”
25 А кога големо множество одеше со него, Тој се заврти и им рече:
26 ”Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази: татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик.
27 Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.