23 И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24 Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’”
25 А кога големо множество одеше со него, Тој се заврти и им рече:
26 ”Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази: татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик.
27 Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28 Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши?
29 И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи: