27 Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28 Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши?
29 И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи:
30 ’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’
31 ”Или, кој цар, кога оди на војна против друг цар, прво не ќе седне да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној, кој иде против него со дваесет илјади?
32 Ако не може, испраќа пратеници додека е оној уште далеку и ќе моли за мир.
33 Имено така, ако некој од вас не се одрече од сè што има, не може да биде Мој ученик.