30 ’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’
31 ”Или, кој цар, кога оди на војна против друг цар, прво не ќе седне да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној, кој иде против него со дваесет илјади?
32 Ако не може, испраќа пратеници додека е оној уште далеку и ќе моли за мир.
33 Имено така, ако некој од вас не се одрече од сè што има, не може да биде Мој ученик.
34 Солта е добра; но ако солта облутави, со што ќе се поправи?
35 Ниту е за земјата, ниту за ѓубрето, ја исфрлаат надвор. Кој има уши да слуша - нека слуша.”