Лука 14:7-13 MKB

7 А на гостите им кажа парабола, кога забележа како ги избраа првите места и им рече:

8 ”Кога ќе те повика некој на свадба, не седнувај на прво место, за да не повика случајно некој, кој е поугледен од тебе,

9 и за да не ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал тебе, и него: ‘Отстапи му го местото на овој!’ И тогаш ќе треба засрамен да го заземеш последното место.

10 Но, кога ќе те повикаат, оди и седни на последното место, за да ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал: ‘Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест пред сите, кои се со тебе покрај трпезата.

11 Зашто, секој кој се возвишува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде возвишен.”

12 Му рече и на оној, кој Го повика: „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено.

13 Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите!