1 И им рече на Своите ученици: „Не е можно да не дојдат соблазни, но горко на оној, преку кого доаѓаат!
2 Подобро би било за него да му биде обесен мелнички камен на вратот и да го фрлат во морето, отколку да соблазни еден од маливе.
3 Внимавајте на себе! Ако ти згреши твојот брат, укори го и прости му, ако се покае.
4 Ако и седумпати на ден, згреши против тебе и седумпати се обрати кон тебе и рече: ‘Се кајам!’- прости му!”
5 Апостолите Му рекоа на Господа: „Придај ни вера!”
6 А Господ рече: „Ако навистина имате вера колку синаповото зрно - ќе и речете на црницава: „Откорни се и пресади се во морето!” И таа би ве послушала.”
7 ”Кој од вас - ако има слуга - кој ора или го чува стадото, ќе му рече, кога ќе се врати од поле: „Дојди бргу и прилегни покрај трпезава!”