10 Така и вие, кога исполнивте сè што ви е заповедано, речете: ‘Ние сме неполезни слуги; зашто го извршивме она, што бевме должни да го извршиме.’”
11 И кога одеше за Ерусалим, поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
12 И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа подалеку
13 и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!”
14 А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!” И се очистија додека одеа.
15 А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно.
16 И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец.