14 А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!” И се очистија додека одеа.
15 А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно.
16 И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец.
17 Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте?
18 Не најдоа ли да се вратат и да Му благодарат на Бога, освен овој туѓинец!”
19 И му рече: „Стани и оди си, твојата вера те спаси!”
20 А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види;