16 И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец.
17 Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте?
18 Не најдоа ли да се вратат и да Му благодарат на Бога, освен овој туѓинец!”
19 И му рече: „Стани и оди си, твојата вера те спаси!”
20 А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види;
21 ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина.
22 А на учениците им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе посакате да видите само еден ден од деновите на Човечкиот Син, и не ќе го видите.