2 Подобро би било за него да му биде обесен мелнички камен на вратот и да го фрлат во морето, отколку да соблазни еден од маливе.
3 Внимавајте на себе! Ако ти згреши твојот брат, укори го и прости му, ако се покае.
4 Ако и седумпати на ден, згреши против тебе и седумпати се обрати кон тебе и рече: ‘Се кајам!’- прости му!”
5 Апостолите Му рекоа на Господа: „Придај ни вера!”
6 А Господ рече: „Ако навистина имате вера колку синаповото зрно - ќе и речете на црницава: „Откорни се и пресади се во морето!” И таа би ве послушала.”
7 ”Кој од вас - ако има слуга - кој ора или го чува стадото, ќе му рече, кога ќе се врати од поле: „Дојди бргу и прилегни покрај трпезава!”
8 Нема ли да му каже: ‘Приготви ми нешто за вечера и препаши се, за да ми служиш додека јадам и пијам, а потоа и ти јади и пиј!’