27 јадеја, пиеја, се женеа и се мажеа, сè до денот кога Ное влезе во Ковчегот; и дојде потопот и ги уништи сите.
28 Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
29 а во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите.
30 Исто така ќе биде во оној Ден, кога ќе се јави Човечкиот Син.
31 Во тој Ден, кој ќе биде на покривот, а неговата покуќнина е во домот, нека не слегува да ја земе! Исто така, кој ќе биде во полето, нека не се враќа кон останатите работи.
32 Спомнете си за Лотовата жена.
33 Кој сака да ја запази својата душа, ќе ја изгуби; а кој ќе ја изгуби, ќе ја запази.