29 а во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите.
30 Исто така ќе биде во оној Ден, кога ќе се јави Човечкиот Син.
31 Во тој Ден, кој ќе биде на покривот, а неговата покуќнина е во домот, нека не слегува да ја земе! Исто така, кој ќе биде во полето, нека не се враќа кон останатите работи.
32 Спомнете си за Лотовата жена.
33 Кој сака да ја запази својата душа, ќе ја изгуби; а кој ќе ја изгуби, ќе ја запази.
34 Ви велам - во таа ноќ, двајца ќе бидат во една постела, едниот ќе биде однесен, а другиот ќе биде оставен.
35 Две жени ќе мелат заедно, едната ќе биде однесена, а другата ќе биде оставена.