13 Тоа ќе ви овозможи да сведочите.
14 И така, ставете си во своите срца, да не се подготвувате како ќе се браните,
15 зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да и се спротиват и да и противречат сите ваши непријатели.
16 А ќе ве предаваат и родителите, и браќата, и роднините и пријателите, и ќе убијат некои од вас;
17 и сите ќе ве мразат, заради Моето име.
18 Но вам нема да ви пропадне ни влакно од главата.
19 Со своето трпение ќе ги спасите своите души!”