15 зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да и се спротиват и да и противречат сите ваши непријатели.
16 А ќе ве предаваат и родителите, и браќата, и роднините и пријателите, и ќе убијат некои од вас;
17 и сите ќе ве мразат, заради Моето име.
18 Но вам нема да ви пропадне ни влакно од главата.
19 Со своето трпение ќе ги спасите своите души!”
20 ”А кога ќе го видите Ерусалим дека е опколен од војски, знајте дека е близу неговото запустување.
21 Тогаш оние, кои се во Јудеја нека бегаат во планините; а кои се во градот нека излезат надвор; а кои се во полето, нека не влегуваат во градот!